„Целта беше да се креира серија која ќе кореспондира со реалноста која ја живеат македонските граѓани. Во секоја епизода се прикажани различни проблеми со кои се соочуваат главните протагонисти, а кои воедно се и проблеми со кои се соочува самата држава. Станува збор за фамилијарна драма и иако се зборува за конкретна фамилија – Марковски, во приказните или во одредени сегменти од нив ќе се препознаат голем број на гледачи“ истакнуваат од продукцијата.
Александар Микиќ го игра ликот на таткото и сопруг Иван Марковски чии планови и амбиции се распаѓаат во времето на приватизацијата поради што прифаќа разни ангажмани и привремени работи играјќи на картата на политичка неутралност.

(ВИДЕО+ФОТО) „Фамилијата Марковски“ ги освои гледачите: Погледнете ги првите две епизоди доколку ги пропуштивте
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.