Новата серија „Фамилијата Марковски“ чие дејствие е инспирирано од вистинити настани од секојдневието на македонските граѓани, од 23 септември (сабота) во 19.30 часот почна да се прикажува на телевизијата „Канал 5“.
Првата сезона има осум епизоди во кои се претста вени приказните на Иван, Лиле, Јана, Виктор и Бојан Марковски кои се соочуваат со многу предизвици што ги носи животот во едно општество со константни политички и социјални турбуленции.
Серијата ќе се емитува секоја сабота и недела од 19.30 часот, a по премиерното телевизиско прикажување, епизодите ќе бидат достапни да се гледаат и онлајн, а можете да ги погледнете најдолу во текстот.
Режисер е Даријан Пејовски, а главните улоги ги толкуваат: Петар Петковски, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Александар Микиќ и Силвија Стојановска. Проектот „Фамилијата Марковски“ е во продукција на АРТ ПРОЕКТ ЛАБ Скопје и е овозможен со поддршка од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).