Силвија Стојановска ја толкува сопругата и мајка Лиле која е голем поборник за правда, но нејзината издржливост е ставена на тест откако е присилена да учествува во сомнителни активности на своето работно место.
Младата актерка Тамара Ристоска се појавува во улогата на најстарото дете во фамилијата Марковски, Јана која се соочува со морална дилема – дали да застане зад сомнителните проекти на архитектонското студио во кое работи, а го води нејзиното момче, или да го зачува сопствениот интегритет.
Владимир Петровиќ го игра Виктор Марковски кој и покрај магистерската диплома се мачи да најде работа, а паралелно крие и голема тајна од своите најблиски. Ликот на најмалото дете, Бојан Марковски го толкува младиот Петар Петковски на кого ова му е прво актерско искуство. Тој игра 15-годишно момче чија пасија е снимање на видео – блогови (влогови) што од забава стануваат негова моќна алатка за иницирање на промени.

(ВИДЕО+ФОТО) „Фамилијата Марковски“ ги освои гледачите: Погледнете ги првите две епизоди доколку ги пропуштивте
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.