Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, во Женева изјавил дека пандемијата на корона вирус сè уште забрзува и дека бројот на случаи на инфекција е двојно зголемен во последните шест недели.
Гебрејесус ќе ја свика Комисијата на СЗО за вонредни ситуации оваа недела, шест месеци откако СЗО прогласи вонредна состојба во јавното здравство на меѓународно ниво на 30. јануари.
Комисијата ќе даде совети за понатамошна борба против пандемијата.
„Ковид-19 го смени нашиот свет, ги раздели луѓето, заедниците и нациите“, рече Гребрејесус пред новинарите.
Тој навел одредени фактори кои се покажале како успешни во некои земји, како што се политичко лидерство, образование, зголемено тестирање, хигиена и мерки за физичко дистанцирање.
Бразил
Бразил во понеделникот пријавил уште 23.384 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени изнесува 2.442.375.
Уште 614. лица починале, а досега се регистрирани вкупно 87.618 жртви на вирусот корона.
Бразил се најде на второто место во светот по бројот на заразени и мртви од последиците од вирусот корона, по Соединетите држави.
Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) во понеделникот соопшти дека во земјата се заразени вкупно 4.225.687 лица, додека 146.546 лица починале.
Кина
Кина пријавила 68. нови случаи на коронавирус, вклучувајќи 64. локално пренесени инфекции, соопшти денеска националната комисија за здравство на земјата.
Ова е втор ден по ред Кина да пријави најголем број локално пренесени случаи од 6 март.
Во понеделникот се пријавени 57. локално пренесени инфекции.
Од 64. нови случаи пренесени на локално ниво, 57. се во провинцијата Ксинџијанг, шест во Лиаонинг и еден во Пекинг.
Кина, исто така, објави 34. нови асимптоматски случаи на инфекција.
Вкупниот број на случаи на коронавирус во Кина сега е 83.959, а од почетокот на пандемијата починале вкупно 4.634 лица.
РЕГИОН
Словенија – 2.087
Хрватска – 4.881
БИХ – 10.498
Србија – 24.141
Македонија – 10.213
Црна Гора – 2.893
Грција – 4.227
Албанија – 4.880
Бугарија – 10.621