(ВИДЕО) Џастин Бибер се расплакал поради Били Ејлиш:„Сакам да ја заштитам…“

СИТЕ фанови на Били Ејлиш знаат дека таа е „луда“ по Џастин Бибер, а сега станало јасно дека и таа нему, во најмала рака, му е мила.
Имено, Бибер во едно интервју кое го дал за Apple’s Music, додека говорел за помладата колешка се расплакал. Вели дека сака да ја заштити, бидејќи него му било многу тешко кога на нејзини години влегол во музичката индустрија.
„Нека прави по свое. Ако некогаш и требам, јас сум тука за неа“, рекол Бибер кој потоа се расплакал.
„Сакам да ја заштитам. Не сакам да се изгуби. Не сакам да мине низ она низ што јас минав, не сакам никој да го помине тоа. Ако и требам јас сум оддалечен еден телефонски повик“, рекол пејачот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …