(ВИДЕО) Дали се согласувате дека ова е НАЈУБАВАТА ВЕРИДБА КОЈА СВЕТОТ ЈА ВИДЕЛ? Ја однел во кино, а потоа…

Оваа приказна е доказ дека и без многу пари може да се организира убаво и незаборавно запросување!
Пред речиси три години се случиЛО едно од најромантичните и најоригиналните запросувања на интернет, а главни актери се двајца сосема обични луѓе кои не живеат луксузен живот и немаат милиони за свршеничкиот прстен.

На социјалните мрежи сè уште кружи видео од ова романтично запросување од 2019. година, а го прикажува моментот кога филмскиот режисер Ли Локлер ја запросил својата љубов од средношколските денови, Стути Дејвид.
Ли ја однел Стути во мало, локално кино за прикажување на нејзиниот омилен филм – анимираниот филм „Заспаната убавица“, а на крајот од филмот, вистинските ликови на екранот биле заменети со анимираните ликови на оваа двојка.
Принцот го добил ликот на Ли, а Аурора, заспаната убавица, ликот на Стути, а сцените во филмот биле променети така што откако принцот ја разбудил принцезата со бакнеж, извадил прстен од џебот и го покажува, а потоа практично го „дофрлува“ на вистинскиот Ли кој седи во публиката.


На линкот подолу можете да видите како изгледала веридбата:


“Никогаш нема да го заборавам начинот на кој таа ме гледаше тогаш. Можам да кажам дека тој момент ѝ значеше исто како и целиот свет. Тоа беше најдоброто чувство на светот и ќе го паметам до мојата смрт”, изјавил Локлер подоцна за американските медиуми.
Ли на подготовките за овој ден работел шест месеци, а помошта ја имал и од илустраторката и дизајнерка на ликови Кајли Кумбс, но и целото нејзино семејство и сите нејзини пријатели, кои седеле скриени во задниот дел од киното, како и непознати луѓе кои со децата дошле на проекција, за да не бидат само познати луѓе во салата. Инаку, парот згазна на луд камен на почетокот на октомври 2021. година.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклон од западна Европа, од вечерва, па …