Излеговте на првиот состанок со вашето момче и се било прекрасно, но после тоа тој никогаш повеќе не ви се јави. Речиси и да нема жена која барем еднаш не поминала низ вакво искуство. За што всушност се работи и кои се најчестите женски грешки во флертувањето?
Некои жени се родени да флертуваат, други се помалку упатени во таа област. Сепак, и најдобрите грешат во оваа дисциплина, а ова се најчестите женски грешки во флертувањето.
Нејасни сигнали
Не е доволно убаво да се облекувате и од внатре да горите за тоа. Ако не му дадете до знаење дека ви се допаѓа, со насмевка, лежерен допир или заинтересирано слушање, нема да знае дека ви се допаѓа.
Прекумерна самодоверба
Зборувањето за други момци кои ви пеат под прозорецот и чекаат во ред само да ве видат, ќе го избркаат момчето што ви се допаѓа. Никој не сака фалбаџии.
Премногу смеење
Мажите сакаат кога се смеете на нивните шеги, но ако претерате, ќе помислат дека глумите и ќе го доживеат тоа како знак дека не се смешни. Кога ќе го повредите нивното его, не можете да очекувате да уживаат во безопасен флерт.