(ВИДЕО) Брзо и вкусно: Колач од кокос без печење

Доволно е да се лади еден час, а кој сака може да го остави и преку ноќ во фрижидер.
Состојки за подлога:
300 г мелени бисквити
200 г рендано чоколадо за готвење
100 мл млеко
Фил:
500 мл млеко
1 кесичка ванилин шеќер
80 г гриз
50 г шеќер
200 г кокосово брашно
Глазура:
100 мл слатка павлака
100 г чоколадо за готвење
1 лажичка кокосово масло
Подготовка:


За подлогата измешајте ги бисквитите и чоколадото, додајте млеко и соединете. Подготвената подлога распоредете ја по дното на калапот, намачкан со путер или маргарин.Префрлете во фрижидер.
Фил: загревајте ги млекото и шеќерот, додајте ванилин шеќер и гриз и мешајте да добиете крем, па додајте го кокосовото брашно. Филот, изладен (додека се лади покријте со прозирна фолија да не се фати коричка) нанесете го над подлогата, израмнете и префрлете во фрижидер.
Потоа во 100 мл слатка павлака додајте кокосово масло и чоколадо. Варете додека чоколадото не се истопи но не смее да зоврие. Со глазурата полијте го колачот и оставете барем 3. часа во фрижидер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата маченичка Христина Персијанка

Светата маченичка Христина Персијанка Светата Христина Персијанка била христијанска маченичка која пострадала за својата вера …