РАБОТНИЧКА ЈА ТУЖЕЛА ЅВЕЗДАТА НА „СЕКСОТ И ГРАДОТ“: Кери Бредшо ќе мора „добро да го одврзе ќесето“ – Еве кој закон го прекршила!

Поранешната вработена кај Сара Џесика Паркер, Хедер Холт, тврди во тужбата што ја поднела до Врховниот суд во Њујорк дека нејзиниот поранешен шеф и нејзиниот деловен партнер Џeорџ Малком не и го плаќале прекувременото работно време од 31. декември 2018. година до 1. март 2020. година.
„На тужителката не и било соодветно обештетен трудот за прекувремените часови за сите часови што работела над тие четириесет во работната недела“, напишано е во тужбата каде не се споменува колку пари станува збор.
Хедер Холт од Сара бара надомест на плата, како и камати и патични казни.


„Сите во Њујорк заслужуваат да бидат платени за времето што го работеа. Прекршувањата на законот за плати се сериозни и секој работодавец што ги крши треба да одговара за тоа, дури и познати луѓе како неа“, рекол адвокатот на Хедер.
Патем, Сара, ѕвезда од серијата „Сексот и градот“, има две продавници во Њујорк, како и по една во Лас Вегас, Мериленд, Дубаи, Абу Даби и Канада.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …