Сè уште не е потполно јасно како која земја ќе ја промени својата туристичка понуда во согласност со пандемијата, а вестите од Грција во Македонија се следат со најголемо внимание.
Атинската плажа „Акти Вулас“ е една од најпосетуваните кога станува збор за атинските плажи. Добро организирана и полна со содржина, обично лесно привлекува туристи, но не овој викенд.
Утрото на оваа плажа изгледаше вака – никој не се протегаше на сонце, освен неколку случајни минувачи.
На оваа, како и на сите други плажи, јасно е наведен правилникот, во кој се вели дека растојанието помеѓу два чадори мора да биде четири метри, забрането е да се преместуваат лежалките под чадорите, а во кафулиња,на штандовите и сите места каде што се формира ред, клиентите мора да држат растојание од метар и половина.
Халкидики и Тасос се зафатени со подготовките за секој нов гостин. Така, деновиве, првите пливачи биле видени на плажите во Пефкохори, Нео Марматис и на островот Тасос.