(ВИДЕО) Биле на 11. спрат – СЕ ПОЈАВИЛА СНИМКА ОД СТРАШНАТА НЕСРЕЌА НА КРУЗЕРОТ: Ја држел внуката од 18. месеци над прозорецот а потоа се случила трагедија!

Салваторе Анело ја испуштил својата 18-месечна внука од прозорецот на крузер, по што девојчето починало, а сега се појавила снимка од таа ужасна несреќа.
Несреќата на крузерот се случила на 7. јули во Сан Хуан, Порторико додека бродот беил во пристаништето.


Анело со малечката Клои си играл покрај прозорецот на 11-ти кат кога, во еден момент, таа му испаднала од рацете, и падна од прозорецот и починала.
Тој демонстрирал како го држел детето – со едната рака ја држи внуката, а другата беше слободна да го допре самиот прозорец. Анело се наведнал нанапред да се обиде да го допре самиот прозорец, а потоа неговата внука падна од рацете.


„Не сфатив дека немаше стакло додека не беше предоцна. Кога падна, мислев дека паѓа пред мене. Сè се случи во секунда“, објаснил тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …