(ВИДЕО) 39 милиони прегледи: Маж за својата трудна сопруга направил кревет од соништата

Речиси е невозможно да се најде вистинската положба за спиење додека жената е бремена.

Токму затоа видеото на TikTok на еден маж станало вирално. Нашол начин да и помогне на сопругата да спие подобро.
Тони Лопез направил дупка во душекот за да неговата трудница може да спие на стомак.


@luxuryrenovation I still have the cut out to fill in the hole #fypシ #fyp #foryourpage #pregnant #wife #mattress #foryou ♬ She Share Story (for Vlog) – 山口夕依

„Рече дека и се допаѓа“, рекол Лопез на крајот од видеото кое е прегледано повеќе од 39 милиони пати.


За време на бременоста, особено во последниот триместар, многу жени се жалат на потешкотии со спиењето, повеќето од нив поради неможноста да најдат удобна положба. Иако лежењето на страна е најдобрата поза за спиење за време на бременоста, експертите од Stanford Medicine велат дека „во ред е да спиете на стомак ако ви е удобно“.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вчера се одржа планинарски марш со кој се започна овогодишната кампањата “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”

На вчерашниот ден 03.11.2024 со почеток во 10h, се одржа планинарски марш со кој се …