(ФОТО) Се продава Ферарито на Бекам

ОВА е Ферарито што го возеше кога со Манчестер „грабаше“ кон титулата.

Тоа беше на почетокот на милениумот, кога познатиот британски фудбалер беше дел од тимот кој ја освои Премиер лигата. Го возел додека не заминал во Реал Мадрид, каде кариерата ја продолжи во друштво на ѕвезди како Зинедин Зидан, Роналдо и Роберто Карлос.
Бекам уживал во возењето Ферари, а често бил фотографиран зад воланот. Сепак, автомобилот до денес има акумулирано само 12.700 километри. Станува збор за црно Ferrari 360 Spider кое, судејќи според фотографиите и историјата на сервисот, е во беспрекорна состојба.


„Состојбата, километражата и историјата на А-листата го прават овој автомобил еден од видот 360“, рече Мет Бирд, уредник на списанието PistonHeads, кое го објави огласот за автомобилот. „Дури и оние кои не се толку заинтересирани за фудбалски врски и едноставно бараат еден од најдобрите во Модена, тешко дека ќе најдат подобар. А за оние кои се, каква приказна ќе треба да раскажете кога некој ќе ве праша за вашето Ферари?“
Придвижуван од познатиот 3,6 V8 мотор со 400 КС, овој суперспортски автомобил е опремен со шестстепен автоматски менувач F1 Graziano. Произведени се вкупно 7.565 Спајдери. До 100 км/ч стигнувал за 4,9 секунди, максималната брзина била 295 км/ч, а веројатно и денес е исто.
Ferrari 360 Spider денес може да се најде на пазарот во Велика Британија за околу 60.000 фунти. Овој примерок, од очигледни причини, е значително поскап и е со цена од 110.000 фунти.


>> Оригиналниот оглас со опис на автомобилот и фотогалерија можете да го најдете овде.

Фото: Принтскрин/Pistonheads


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …