(ВИДЕО) Поради овој потег возачот на теренецот оди во затвор

МОЖЕЛ да помине многу полошо.
Британската полиција објави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на теренец напаѓа полицаец на мотор. Како што се гледа на видеото, возачот на Mitsubishi Outlander го ставил во рикверц и со полн гас тргнал кон полицаецот на мотоциклот. Од силината на ударот полицаецот се здобил со бројни повреди. При ударот ги повредил нозете, рамената и грбот и бил хоспитализиран.
По криминалецот Џозеф Вард беше распишана потерница и тој беше пронајден дваесет дена подоцна. Утврдено е дека и претходно се барал за лажно претставување на полицаец, како и за изнуда на пари од возач, а исто така било утврдено дека во други два наврати направил сообраќајна незгода и оштетил две полициски автомобили.


По исказот на повредениот полицаец Тони Мекговерн биле поднесени вкупно 14 пријави. Како што изјавил Мекговерн, го забележал сомнителното однесување на возачот на Мицубишито додека бил на патрола и му пришол по застанувањето. Го прашал што прави и каде оди и му наредил да го изгаси моторот на возилото. Наместо тоа, Вард се продолжил напред, уфрлил во рикверц и удрил во полицаецот, соборувајќи го од мотоциклот.
И покрај сериозните обвиненија, Вард поминал со полесна казна, коментираат локалните медиуми, повикувајќи се на практиката на британските закони. Тој бил осуден на четири години затвор.

Фото: Принтскрин/Metropolitan Police


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …