Починал Џорџ Рос Робертсон, глумец од „Полициска академија“

Починал Џорџ Рос Робертсон, актерот најпознат по улогата на комесарот Херст во „Полициска академија“, објави Mirror. Имал 89 години.
Веста за смртта на актерот ја потврдило и неговото семејство. Џорџ починал во болница во Торонто минатата недела.
Инаку, Џорџ е роден во Онтарио во 1933 година. Се школувал на Универзитетот Колумбија, каде ја запознал својата сопруга Адел, со која бил во брак 61 година. Отсекогаш верувал дека глумата е „предодредена“ за него, па продолжил да работи во театар по училиште.

This image has an empty alt attribute; its file name is georg-ros-robinson-1.jpg


Во текот на 60-тите и 70-тите тој имал помали улоги во филмовите Rosemary’s Baby, Airport и Norma Rae. Во 1980-тите го играше познатиот шеф во „Полициска академија“. Џорџ замина по шест филма, одбивајќи да остане на последниот. Подоцна глумеше во филмот „The Reagans“ и минисеријата „The Path To 9/11“.

Додека работел на својата актерска кариера, Џорџ се занимавал и со хуманитарна работа. Тој беше амбасадор на УНИЦЕФ во кој ја доби и наградата Дени Кеј на УНИЦЕФ во Канада во 1990 година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …