БЕА ОМИЛЕНИ – Пет „сиромашни“ јадења кои беа незаменливи на масите во поранешна Југославија

Многумина со носталгија се сеќаваат на времето кога живееле во поранешната заедничка земја – Југославија. Повеќето луѓе зборуваат за овој период со суперлатив, дури и кога станува збор за некои „сиромашни“ работи според денешните стандарди.
Многумина ќе се сетат на некои стари јадења кои многу често беа на трпезите на домаќинствата во Југославија. Бидејќи за нивната подготовка не се потребни многу намирници, туку само најосновните, ги нарекуваме „сиромашни“.
Ограничениот избор на прехранбени производи или скромните куќни буџети се причината поради која овие јадења биле дел од секојдневието на југословенските семејства. Сепак, иако овие јадења беа „сиромашни“, тие беа вкусни и многумина ги паметат со задоволство. Во продолжение ви пренесуваме неколку јадења кои во минатото често биле на трпеза.

Варени компири со лушпа
Компирите варени со лушпи се едно од јадењата кои често се подготвувале во минатото. За овој оброк ви требаат само 15 до 20 минути за да ги сварите компирите во вода. Многу луѓе ги јаделе овие компири со сирење, павлака или кајмак. Ова јадење се подготвува и денес, но многу поретко од порано.


This image has an empty alt attribute; its file name is salata-od-kompiri-so-kromid.jpg

Печени компири со лушпа
Друго јадење кое во минатото често се наоѓало на трпезата е неизлупениот печен компир. Ова јадење најчесто се подготвувало во зима, а се јадело и со сирење, кајмак или павлака.


Леб надробен во јогурт или млеко
Лебот никогаш не се фрлал, а за да се користи дури и кога ќе остарел, се јадел надробен во млеко или јогурт. Ова јадење особено го сакале децата, а се правел за појадок или вечера.

Пржени лепчиња
Порано генерации растеа со пржен леб, леб „натопен“ во матени јајца и пржен во тавче. На овој начин, домаќинките го зачувале и стариот леб од фрлање и му го продолжиле векот на употреба.


Супа од компир или зелка
Супа од компир или зелка без месо или со минимална количина на месо е јадење кое исто така често се наоѓало на менито во домаќинствата од поранешна Југославија. Ова јадење лесно се подготвува, а потребни ви се компири или зелка, малку масло, зеленчук и зачини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …