Тијана Дапчевиќ Тодевска е една од најпрепознатливите уметници на нашите простори. Прославена музичарка и актерка, таа ја изгради својата кариера исклучиво со помош на талентот, уникатноста и шармот. Таа важи за една од најдуховитите жени меѓу познатите и бидете сигурни дека забава со неа нема да недостига. Зад себе остави неизбришлив музички, актерски и уметнички белег.
Родена е во Македонија во 1976 година. Љубовната среќа ја нашла со сопругот Милан Дапчевиќ, а со него го има синот Вук на кој е многу горда.
View this post on Instagram
Една од нејзините хит песни е „Се е исто, само него го нема“, „тој“ е поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито. Таа победи на Фестивалот на сончевата скала во Херцег Нови во 2002 година со песната „Негатив“.
View this post on Instagram
Во едно од интервјуата таа открила дали отсекогаш знаела дека музиката ќе биде нејзиниот животен пат.
– Сакам да кажам дека слушав музика уште во утробата на мајка ми, бидејќи мајка ми беше првенка на Македонската опера, додека татко ми беше професор на Музичката академија, па беше сосема логично и природно што и Тамара и јас пораснавме со најубавата музика на светот и не можев ни да замислам дека е поинаку, бидејќи за мене музиката е лек за се, и тоа не го кажувам како клише, туку навистина секогаш кога имам лош ден или сум тажна, пуштам класична музика, затоа што најбрзо ме обновува и „ресетира“.
Фото: Принтскрин/Instagram