Вечерва започнува 11-то издание на фестивалот „Земјотрес“

Вечерва во 19 часот се отвораат вратите на МКЦ, а во 20 часот започнува и програмата на 11-то издание на фестивалот „Земјотрес“.

Во продолжение, следи распоредот:


„Промената е единствена константа во овој свет, а ние сме луѓе кои сакаат да гледаат напред. Напред претстои промена. На Земјотрес му претстои промена. Нови генерации, нова брзина на комуникација, трансформирани вредности. Се обидуваме да држиме чекор… не, всушност се трудиме да диктираме темпо. Земјотрес 11 е огледало на промената и носи жесток фокус кон најмладата, неверојатно талентирана генерација на локални музичари. Застрашувачка сила која се движи под земјата, ја тресе и има намера да експлодира со сета своја убавина, свежина и потенцијал. Вистински земјотрес на нова енергија на 3 музички стејџа. Крвоток по коридорите на Младинскиот Култирен Центар Скопје“, стои во соопштението од организаторите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …