Вечерва ќе спиеме еден час помалку:Не заборавете во 02. да го поместите часовникот!

Летното сметање на времето започнува вечерва, во ноќта помеѓу сабота и недела, кога часовниците треба да се поместат еден час понапред, односно од 02. да се поместат на 03. часот.
До крајот на март денот ќе се зголеми и ќе се стемнува околу 18 часот, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19. часот, а на почетокот на летото и до 20. часот.
Летното сметање на времето во Европа ќе трае до последниот викенд во октомври.
Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно првпат почнало во 1916 та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од Светот.
Европските земји веќе се подготвуваат за конечно укинување на оваа практика.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што нè советуваат ѕвездите за утре, 22.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот му претстои успешен и активен ден, без разлика дали се работи …