Денеска, 25.03.2018, во Градски парк во Скопје (пред Школка) со почеток во 11.00 часот ќе се одржи Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром. Трката е организирана од Мечувалечки клуб „Ескрим“ со цел да ја подигне свеста за децата со Даунов синдром и да ги поттикне спортските центри и клубови да им овозможат на децата да се вклучат во спортот и да им обезбедат еднаков пристап до него. Со ова покрај очигледните придобивки од спортот и здравиот живот, на децата со Даунов синдром ќе им се отворат вратите за социјализација и живот без предрасуди.
Преку партнерот за пријавување https://www.smartrace.club/ може да се дознаат повеќе детали за Хуманитарна трка за деца со Даунов синдром. Сите се поканети да ја посетат трката, да се запознаат со бенефитите за децата и да им ја дадат поддршката која ја заслужуваат.