(ФОТО) Анистон се разведе, но навечер има необични средби со првиот бивш – Бред Пит!

На Џенифер Анистон нова врска не и паѓа на памет, но многумина со сигурност тврдат дека е повторно со Бред Пит…
Кога Џенифер Анистон и Џастин Тиеро во средината на февруари во соопштението потврдија дека се разделуааат никој не можел да верува дека на нивната љубов и дошол крај, иако веќе подолго се шушкало дека во бракот на актерскиот пар има бројни несогласувања.
А, како што пишува UsWeekly, откако се разделил бившиот пар скоро воопшто не комуницира.
На ѕвездата на бројни филмови нова врска не и паѓала на памет, иако бројни таблоиди пишуваат дека на повидок е нова врска со Бред Пит,
додека некои отишле и подалеку и тврдат дека Џенифер и Бред се во врска.
„Се гледаат во тајност, во доцните ноќни часови“ пишува списанието Star, а според нив односот го обновиле после доделувањето на Оскар.
Но, Џенифер, моментално најмногу слободно време минува во друштво на пријател за да што побрги се опорави од овој тежок животен период.
Неодамна е видена на роденденска забава на Моли МекНирни, сопругата на Џими Кимел. Во потрага е по нив дом бидејќи имотот, кој го поседувала со Џастин, е ставен на продажба.
А, наводно, Џастин веќе продолжил понатаму. Глумецот го поврзуваат со 25. годишната канадска уметничка Петра Колинс. Наводно Тиеро бил опчинет со неа и уживал во нејзиното друштво.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …