Театроск прогласен за уметнички амбасадор во Тиват

Војо Цветановски од здружението на граѓани Театроск е прогласен за уметнички амбасадор на овогодинешниот уличен уметнички фестивал ИНАРТ во Тиват, Црна Гора.
Војо Цветановски е дипломиран пантомимичар и театарски режисер, а благодарение на пантоммата, големото искуство во уличниот театар, учеството на најреномирани улични уметнички фестивали и организирањето на неколку улични уметнички фестивали во нашата земја се здоби со оваа титула. Ова значи дека соработката со црногорскиот фестивал се зацврстува и за во иднина се најавуваат големи заеднички проекти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден во 2018 година почина новинарот Љубомир Вељковиќ – Раф

Љубомир Вељковиќ – Раф е роден во Скопје во 1943 година. Тој беше истакнат македонски …