Починал познатиот глумец – ѕвезда на Blade Runner

Ѕвездата на Blade Runner, Рутгер Хауер починал на 75. години, јавува Fox News.
Холандскиот глумец е најпознат по улогата на Рој Бати, главен непријател на ликот на Харисон Форд во филмот од 1982. година. За споредната улога во филмот „Бегство од Собибор“ од 1987. година е награден со Златен глобус. Глумел и во филмот „Sin City”.
Стиви Кенис, агентот на Хауер, рекол дека глумецот починал минатиот петок.
„Ова не е никаква вест но беше прекрасен тип и одличен глумец“, рекол агентот.
Неговите најнови филмови ги вклучуваат„Валеријан и илјада планети“ како и „Браќа на сестрите“. Го глумел и Нил Бригант во серијата „True Blood” а се појавил и во комедијата „Galavant”.


Роден е на 23. јануари 1944. година во Брекулен, блиску до Амстердам, во семејство на учители по глума.Со 15. години го напуштил семејниот дом и отишол во трговска морнарица. Во Амстердам се вратил во 1962. година и кратко студирал глума. Како што пишува Variety, после тоа се приклучил на војската.
Првата улога ја добил во филмот „Floris” во 1969. година.
Не неговата страница на интернет е објавено дека зад него останале сопругата Инеке тен Кате со која бил во брак 50. години, и ќерката Ајша Хауер која ја добил во бракот со Хајди Мерз. Се додава дека починал во својот дом во Холандија „после многу куса болест“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …