(ВИДЕО+ФОТО) Синот на Лук Пери му одал почест на татко си: „Го заслужи ова, најдобар е!“

Џек се качил на џамбо плакат со ликот на неговиот татко а неговиот пријател се’ снимил со дрон. Видеото го коментирала и Шенон Доерти, колешката на Лук од популарната серија „Беверли Хилс 90210“..
Во пресрет на премиерата на “One Upon A Time In Hollywood“ на режисерот Квентин Тарантино (56), Џек Пери (22) му одал почест на својот татко Лук Пери кому тоа му беше последен проект.


Имено, Џек се качил на џамбо плакат со ликот на неговиот татко а неговиот пријател се’ снимил со дрон.
„Го заслужи ова и многу сум горд на тебе. Пастув во животот, секогаш и засекогаш. Најдобар од најдобрите. Те сакам засекогаш“, напишал Џек на социјалните мрежи.

Видеото го коментирала и Шенон Доерти (48), колешката на Лук од популарната серија „Беверли Хилс,90210“.
„Со мислите сум со вас вечерва“, напишала таа.Главната улога во филмот на Тарантино ја има Леонардо ДиКаприо (44) кој открил дека имал трема кога го запознавал Лук
„Пораснав гледајќи ја ‘90210’ и беше најкул фраер на светот. Кога бевме на сетот, имав трема. Беше феноменален човек и ова е голема загуба“, изјавил ДиКаприо.
Да потсетиме, Лук починал во почетокот на март од последиците на мозочен удар. Имал само 53. години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …