Театарската претстава „Пациенти“ вечерва во Гостивар

Вечерва во Центарот За Култура Асном во Гостивар, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена претставата „Пациенти“ на Театар Провокација од Скопје, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување.


Ова е претстава која е огледало на ситуациите од нашите животи. Дополнителен квалитет е тоа што брачната актерска двојка Мирјана и Роберт Ристов, несебично го внесува и своето емпириско искуство, со цел огледалото да стане што појасно и пореално. Улогата на Доктор Доце му е доделена на младиот и талентиран актер Радо Алесовски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ – нова изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Од 18 мај, во Музејот на современата уметност – Скопје, посетителите ќе можат да ја …