Споменар: 20 кратки и интересни одговори со Андреј од ДНК

Во рубриката „Споменар“ нашите познати личности одговараат на 20 кратки и интересни прашања по теркот на споменарите што беа актуелни кај тинејџерите во 80те и 90те години пред интернетот да стане главна занимација. Се надеваме дека за миг ќе ви ги „разбудиме“ најубавите спомени …

Андреја Ѓорѓиески – Андреј заедно со Владимир Блажев – Панчо го сочинуваат популарното дуото ДНК, кое повеќе од 20 години е препознатлив бренд кој не престанува да расте и да создава музика која со задоволство ја слушаме сите овие години. Уживајте во „споменарот“ на Андреј.


1.Во колку часот се будиш?

  • 06:00

2. Кој ти е прекар?


  • Дебар

3. Што си во хороскоп?

  • Водолија

4. Кој ти е омилен пијалак?


  • Пиво

5. Која ти е омилена боја?

  • Црна

6. Кое ти е омилено јадење?

  • Пипер патлиџан со сирење

7. Која ти е омилена книга?

  • Кратка историја на времето

8. Кој ти е омилен филм/серија?

  • Сопранови

9. Кој ти е омилен спорт?

  • Снукер

10. Што знаеш најубаво да зготвиш?

  • Макарони со потпржена зелка

11. Кое е твоето омилено годишно време?

  • Есен

12. Со кога сакаш да снимиш дует?

  • Крис Корнел ама повеќе не е меѓу нас

13. Која е твоја најдобра и најлоша особина?

  • Најдобра/Искрен Најлоша/Импулсивен

14. Кој е твоја омилена македонска песна?

  • Коњи Брзајте – Ана Костовска

15. Омилен пејач/ка, група (македонски)

  • Пејачка/Ерзана Група/Мозаик

16. Најубаво место што си го посетил?

  • Saint Raphael – Франција

17. Како се викаше првата ваша девојка?

  • Маја

18. Со кого го пиеш утринското кафе?

  • Со сопругата Наталија

19. Кој е твојот омилен музички македонски албум?

  • Last Expedition – Box

20. Кој е твојот омилен глумец/ца од Македонија?

  • Мето Јовановски

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МИНЕРАЛ на кој не смееме да заборавиме во сезоната на настинки: Важен за функцијата на имунолошкиот систем

Дали внесувате доволно цинк? Сезоната на настинки и грип е во тек, а еден од …