НАЈАВА: Денес и во петок ОГРОМНО количество на Сахарска прашина и песок во воздухот на Балканот, и во Македонија!

Метео прогноза на Славчо Попоски

Поради изразеното јужно воздушно струење кое ќе го има над нашиот дел од Европскиот Континент (Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија)-, денес и во петок од Сахара кон нашите краишта ќе се врши голем транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот што го очекуваме ќе биде многу валкан.


Се работи за огромно количество на сахарска прашина и песок од Сахара како што погоре наведовме, се очекува над Балканот и над Македонија утре и задутре локално да има дури вкупно и до 2000 честички на милиграм кубен (што е премногу).

Под влијание на влажен воздушен бран од Медитеранот, особено денес попладне, во текот на ноќта кон петок и во петок во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат пообилни (со што локално ќе наврнат до околу, па и над 20 литри дожд на метар квадратен), особено во западните и во јужните предели од државава.


Снег ќе врне само на највисоките планини во северозападните предели од Македонија (односно на највисоките места на планината Шар Планина).

Во Скопје и околината исто така со овој влажен бран очекуваме повремени врнежи од дожд.


До петок повремено ќе дува засилен ветер од југоисточен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час).

Што се однесува до температурите, тие и понатаму остануваат невообичаено високи за овој период од годината, што значи дека тие речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат дури до околу 20 степени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВО МАКЕДОНИЈА ПРИСТИГНУВА СИЛЕН ЛАДЕН АТМОСФЕРСКИ ФРОНТ ОД СЕВЕР И ОД СЕВЕРОЗАПАД: Во среда ќе не зафати силно невреме – Од четврток значително заладување, а на планините ќе има и снег

Метео прогноза на Славчо Попоски: Уживајте во вистинското летно време уште утре почитувани, максималните дневни …