Спектакуларните IL DIVO доаѓаат во Македонија!

„Прагма продукција“ со гордост ви го најавува музичкиот спекткакл за 2022 година во Македонија! Планетарно популарните IL Divo конечно пред македонската публика. 15 октомври 2022 година – „Арена Борис Трајковски“.
Токму Скопје и Македонија ќе бидат епицентарот на едно од најголемите музички случувања на овие простори.
IL Divo е комерцијално најуспешната classical crossover група во меѓународната музичка историја, уште од нивното основање во 2003 година. Имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми, IL Divo се први изведувачи на класичен кросовер кои имаат деби албум на #1 на 200 топ листита на Billboard.
Исто што вреди е да се спомене, е тоа што IL DIVO во 69 градови, 18 земји во светот имаат продадено повеќе од 2 милиони влезници и тоа за нивните први четири албуми.
А, дека овој музички спектакал ќе биде посебен, не само за македонската публика, туку и за самите членови, говори тоа што тој ќе биде во чест на Carlos Marin, еден од членовите кој за жал почина во декември минатата година.

This image has an empty alt attribute; its file name is il-divo-1.jpg
По трагичната смрт на Carlos Marin, преостанатите членови на мултинационалната група, американецот David Miller, французинот Sebastien Izambard и швајцарецот Urs Buhler, ќе продолжат со својата турнеа во знак на почит на Marin.Турнеата, претходно насловена како “For Once in my life” ќе продолжи како GREATEST HITS TOUR со специјален гостин, мексиканскиот американски баритон Steven LaBrie.
“Carlos беше личност повеќе од животот, со ретка комбинација на неверојатно убав, од Бога даден глас и апсолутно, огромен талент. Неговата страст, разиграност и смисла за хумор создадоа таква магична личност, а неговата смеа ги воздивнуваше сите. Тој беше сакан од милиони фанови ширум светот и ние имавме среќа и чест што можевме да настапуваме со него во нашата средина толку многу години. Длабоко ќе ни недостасуваат неговата разиграност, пријателство и брилијантен глас. Во негова чест, ќе ја основаме Фондацијата Carlos Marin и ќе му оддадеме почит на неговото пеење во нашите идни концерти. Нека сите го паметат по неговата прекрасна душа, неговиот неверојатен талент и нека почива засекогаш во мир” изјавија остантите членови на IL Divo во нивните соопштенија.


This image has an empty alt attribute; its file name is il-divo.jpg
Турнејата ќе биде исполнета со хитовите на IL Divo од нивниот огромен каталог на песни со неверојатна сценска продукција.
Одговарајќи на повиците на нивната група на фанови во Македонија која е се во поголем број, тие за прв пат ќе ја донесат својата спектакуларна crossover програма во Скопје на 15 Октомври 2022 година!
Продажбата на билети за турнејата ” GREATEST HITS TOUR ” во Скопје ќе започне во петок на 04.03.2022 година преку продажната мрежа на https://kupikarta.com/. Југотон и Розе Веро 2.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашата истакната писателка Кристина Николовска

Кристина Николовска е родена на 17 мај 1969 година во Скопје. Таа е македонски поет, …