„Дневник“ е дел од второто EP „Навраќање“, излезено на 28 февруари 2022. Музиката, текстот и мастерот се на Димиш…
Пред неколку месеци пишувавме дека на ова мутлтиталентирано момче треба обрнеме посебно внимание.
Како и досега „Андерфест“ го препознаа и ќе биде дел од нивното годинешно издание..
Инаку, Иван Д., има бенд со кој редовно свири но работи и соло проекти.
Својот соло проект го започна во јуни, 2019-та година, откако го издаде својот прв инструментален албум „Inception“. Во мај, 2020-та година, ја издаде својата прва авторска песна, со видео запис „Џ(Г)АН“, а во јуни 2020-та година го издаде својот втор инструментален албум „Redemption“. На крајот од годината, во 2020-та, во декември, ја издаде својата песна, со видео запис „Ортус“, а првата песна која ја издаде во 2021-та година, е „Многу“, во октомври, исто така со видео запис. Во октомври, 2022-та година, ќе настапи на фестивалот „Underfest“.
Инаку, Димиш сега го промовираше своето ново дело „Дневник“
дел од проектот „Навраќање“, а пред тоа следеа и „Не знаев“
и „Заедно“
Фото: Принтскрин/Instagram