СООПШТЕНИЕ: СЗО за потеклото на КОВИД-19: Еве од каде е – најверојатно!

Светската здравствена организација во вторникот соопшти дека сите расположиви докази укажуваат дека новиот вид коронавирус потекнува од лилјаци во Кина, откриен кон крајот на минатата година и не е изманипулиран или произведен во лабораторија.
Доналд Трамп, претседател на Соединетите држави минатата недела изјави дека неговата влада се обидува да утврди дали вирусот потекнува од лабораторија во Вухан, Кина.
„Сите достапни докази укажуваат дека вирусот е од животинско потекло и не бил манипулиран или произведен во лабораторија или на кое било друго место. Најверојатно станува збор за вирус од животинско потекло“, речкла портпаролката на СЗО, Фадела Чаиб, на брифингот за новости во Женева.
Таа додала дека не е јасно како вирусот ги прескокнал бариерите помеѓу видовите и преминал на луѓето, но сигурно имал носител од животни, пренесува Ројтерс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …