(ВИДЕО) ПОРАДИ КОРОНА БИЛ ПАРАЛИЗИРАН: 11. дена минал на интензивна нега, ја запросил девојката а еве како го испратиле од болницата!

Медицински техничар, специјалист за радиологија, бил отпуштен од болницата во Дартфорд каде минал 11 дена на интензивна нега поради парализа предизвикана од КОВИД-19.
Пол Скег (42) се смееше и аплаудирал додека минувал низ болничкиот ходник, по кој членовите на персоналот на болницата се наредиле за да го поздрават со аплауз, јави Би-Би-Си.
Тој бил примен во болницата на 3. април и наскоро го развил синдромот „Гилин-Баре“, исклучително ретка компликација на КОВИД-19, што предизвикува парализа.
Д-р Џонатан Кван, раководител на единицата за интензивна нега, рекол дека Пол е првиот познат случај на овој синдром на коронавирус во Кент, ако не и во цела Велика Британија. Иако едвај дишел, Пол во саботата имал сила преку цевката, во која му уфрлиле диоксид, да ја запроси својата девојка со посредство на апликацијата Feistyme.


“Мислел дека ми се ближи крајот, па длабоко вдиша и преку трахеотомската цевка ја запроси. Девојката се согласи, на големо задоволство на вработените кои се грижеа за него на интензивна нега”, рекол д-р Кван.
Тој бил во можност да се опорави и да излезе како победник во сè.
Д-р Кван му оддал почит на тимот за интензивна нега, како и на невролозите од болницата, кои користеле „темелна“ терапија за лекување на Пол. Тоа е инфузија на имуноглобулин, екстракт од плазма од донираната крв.

Екран.мк/BBC/Radio Sarajevo


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува спомен на чудата на Св. Архангел Михаил

Спомен на чудата на Св. Архангел Михаил Во Фригија имаше едно место наречено Хони („нурнување“) …