„School’s out” забава во ЗОО Скопје со Стефонатор, ЏП и Денсерс Јунајтед

За да го прославиме крајот на училишната година и да се радуваме на распустот кој следува, на 9-ти Јуни во Скопје ЗОО, за учениците подготвивме возбудлив настан.


Со почеток во 13:00 , посетителите во Зоолошка градина Скопје ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со GP и STEFFONATOR, Јутјуб милениците на најмладите, а како специјални гости ги имаме и светските и европски шампиони во хип хоп, „DANCERS UNITED” Танчерите од танцовото студио „Денсерс јунајтед МК” на 18 мај во Римини, Италија освоија уште еден златен медал на Европското првенство во хип хоп. Овој медал на танчерите со Даунов синдром им е 5-ти надвор од земјата на светски или европски првенства, а во Македонија се државни прваци од 2015. За сите посетители ќе има и подароци од пријателите и донаторите на Скопје ЗОО. Настанот е во организација на Зоолошка градина Скопје и Град Скопје.



©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …