(ВИДЕО) Крвав детектор на лаги: Вака Бедуините ги проверуваат обвинетите во ритуал стар 300. години – Ако се повредат ги чека хорор!

Жена во Египет е обвинета дека од сопругот и неговото семејство украла 2.000 долари. Еден стар ритуал ќе покаже дали навистина направила злостор. Ако го изгори јазикот – виновна е.
„Биша“ е ритуал во кој обвинетото лице мора со јазик да допре вжештен метален предмет. Ако се изгори, тоа е знак за вина.
Овој систем функционира во „правниот систем“ на Бедуините, а Овајмер Амер Ајад е судија на овој суд. Работата ја презел откако 14. години ја вежбал во своето семејство.
Ритуалот е стар 250 – 300 години. Жената која е обвинета морала три пати да го лизне вжештениот метален предмет. На крајот се покажало дека не е виновна.


„Не е виновна. Се колнам, не е виновна. Честитам“, вели судијата покажувајќи на јазикот на жената. Откако ритуалот бил завршен жената морала да се врати на семејството.
„Доаѓаат кај нас и потоа една страна тврди дека е невина а другата бара правда. Морате да судите правично“, вели судијата.
Жалба на пресудата не е можно да се поднесе.
„Еѓипјаните сфаќаат дека ова е ефикасен начин да се дознае вистината. Сите почнаа да доаѓаат кај нас наместо да одат во полиција“, вели асистентот на судијата, Хамер Амер Ајад.
Извор:DW
Фото: Screenshot

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …