(ФОТО) Утре на 47.Мајски оперски вечери: “Травијата“ – Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции

Моќна, динамична, привлечна, исполнета со емоции и страст се само дел од епитетите за „Травијата“ на Џузепе Верди, која ќе биде изведена на 28. мај со почеток во 20 часот, како дел од 47.Мајски оперски вечери.


Ремек дело чие либрето е напишано според романот „Дамата со камелии“ на Александар Дима. Со оркестарот ќе диригира Филип Павишиќ од Хрватска, додека режијата е на Верена Штојбер од Германија.



Главната улога на Виолета Валери ќе ја толкува Сања Керкез, оперската дива од Белград, Србија. Благој Нацоски ќе ја толкува улогата на Алфред Жермон додека во улогата на Жорж Жермон ќе настапи Отар Накашидзе од Грузија.
#ILoveOpera
Билетарница на МОБ: 02 3118-451
онлајн: www.operabalet.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоцијата на новата книга на проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева „Културни практики“

Денес, со почеток во 19:00 часот, во бифе Тафталиџе, книгоиздателството Ми-Ан ве кани на промоцијата …