(ФОТО) Неверојатна приказна: Свршениците се шокирале кога виделе фотографија од детството!

Хејди Севит (27) после многу години сфатила дека нејзиниот маж го запознала во студентскиот дом, всушност истото она момче кого го држела за раце кога имала само шест години...


Тоа било во 1997 година кога Хејди Паркер од Шефилд била на летување со своето семејство, додека Ед Севит од Патни, југозападен Лондон, бил со своето семејство.
Но, сè што е убаво кратко трае, а тоа било случај и со Хејди и Ед.


Хејди, која денес има 27. години и живее во Вендсворт, признала дека заборавила на него. Тие повторно се сретнале како студенти на универзитетот Њукасл. Паркер студирала економија и менаџмент, а Ед психологија. За време на првата година од факултетот, Ед се преселил во домот во кој Хејди некогаш живеела.
Тие повторно се сретнале откако Ед ја додал Хејди на Фејсбук и ја замолил за помош – не знаел како се користи машината за перење алишта. Неколку недели подоцна, тие случајно се запознале и започнале разговор. По третиот состанок, веќе биле неразделни.


По факултетот купиле заеднички стан во Вандсворт, Лондон, а во 2015. година се свршиле. Неколку месеци подоцна кога вечерале со своите семејства, парот започнал да зборува за детството. Мајката на Хејди рекла дека таа како дете имала момче кое се викал Ед и кое го запознала на одмор во Турција, а подоцна ѝ ја испратила и фотографијата и сите останале шокирани кога сфатиле дека станува збор за истиот Ед.


Паркер рекла дека не се сеќава на средбата со Ед кога биле деца, а фотографиите им се единствените сеќавања од тој период. За својата венчавка, тие направиле покани од нивната прва фотографија од детството, само што сега не позирале на плажа туку на балкон, но во речиси идентични костими за капење.

Се венчале во 2016 година, а на меден месец биле на Малдиви, назад на плажа бидејќи и се запознале на плажа. Освен тоа, неодамна го посетиле и Бодрум, местото во Турција каде за првпат се запознале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …