САД домаќин на Светското клупско првенство во 2025

– Соединетите Американски држави ќе бидат домаќини на новото и проширено Светско клупско првенство на ФИФА во 2025 година, објави Светската куќа на фудбалот.

Извршниот одбор на ФИФА едногласно ја донесе одлуката САД да го организираат првото Светско клупско првенство со 32 екипи.


„ФИФА Светското клупско првенство 2025 ќе биде врв на елитниот професионален машки клупски фудбал, а со потребната инфраструктура и големиот локален интерес, САД се идеален домаќин за почеток на овој нов, глобален турнир“, оцени претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

ФИФА, воедно, објави дека домаќинот на Мундијалот 2030 ќе биде објавен на крајот на идната година. ег/сдФОТО: Твитер .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Аквизиции – Донации 2022 – 2023“ – нова изложба во Музејот на современата уметност во Скопје

Од 18 мај, во Музејот на современата уметност – Скопје, посетителите ќе можат да ја …