Zoran Popov

Штипска Брегалница се засили со репрезентативец од Јамајка

– Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Јамајка, Колин Андерсон, е најновото засилување на штипска Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Андерсон доаѓа од редовите на фудбалскиот клуб Кавалиер од Јамајка, а претходно има настапи и за ФЦ Арнет Гарденс исто така во домашниот шампионат. За националниот тим …

Повеќе »

Втор пораз на македонските кошаркарски кадети од Бугарија

– Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација претрпе пораз и во вториот контролен натпревар во Скопје против Бугарија, која со пресврт во завршницата обезбеди триумф од 73-63. Македонските кошаркари влегоа во завршната четвртина со предност од 52-46, но Бугарија со серија од 17-5 го сврте резултатот во своја корист и на …

Повеќе »

Костадиновска Стојчевска: Обезбедивме 40 милиони денари за капитални проекти за единиците на локални самоуправи

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска информираше дека по објавениот Оглас за распределба на капитални дотации во областа на културата, од вкупно 13 пристигнати проекти од 11 општини, доделени се средства за девет проекти за чија реализација се распределени околу 40 милиони денари. Како што соопшти Министерството за култура, министерката …

Повеќе »

Пијанечкиот бренд ,,Копачка” ќе добие свој документарец

Многубројни пејачи, играорци и инструменталисти од ЗФГ ,,Копачка” с. Драмче, Делчево викендов настапија на локалитетот Белчанско маало во с. Драмче и месноста Шишаро кај вила „Самовила“, каде се снимаше документарен филм за ,,Копачката”. Документарниот филм е по сценарио и режија на познатиот режисер Андреј Волкашин од Делчево, во соработка со …

Повеќе »

Во Берово вечерва финале на Малеш Куп 2023

Во Берово вечер ќе се одигра финалниот натпревар во рамки на традиционалниот турнир во мал фудбал Малеш Куп 2023. Организаторите упатија покана да го проследат финалето на турнирот поради кој Берово во изминатите неколку дена е центар на спортските случувања во Истокот. – Вечерва љубителите на фудбалот ќе имаат можност …

Повеќе »

Во Охрид 62. „Балкански фестивал за народни песни и игри“

Со целовечерен концерт на Националниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ закажан за 5 јули од 20 часот на сцената „Долни Сарај“ ќе биде отворено 62. издание на „Балканскиот фестивал на народни песни и игри“. На свеченото отворање на фестивалот обраќање ќе имаат директорот на Центарот зa култура, Горан …

Повеќе »

Македонците од Специјална Олимпијада од Берлин се враќаат со пет освоени медали

– Атлетите од Специјална Олимпијада – Северна Македонија освоија пет медали на светските Специјални Олимписки Игри во Берлин. Со одличје се закитија: Агрон Хајредини – златен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од местоЈулијана Петровска – сребрен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од местоСтефан Трпковски – сребрен медал, пливање, категорија …

Повеќе »

Фестивалски денови во Битола: Сретни се со книгите на Широк сокак

– На Широк сокак во Битола во периодот од 3 до 16 јули ќе биде одржан Летен карван на книгата на кој ќе бидат понудени наслови во издание на ТРИ и на Паблишер. Карванот на книгата, како што информираат издавачите,  е една од омилените акции на Издавачки центар ТРИ, зашто …

Повеќе »

„Профундис“ ќе настапи на затворањето на фестивалот „Раванелиус“

Македонскиот камерен оркестар „Профундис“ во сабота, 8 јули, ќе настапи на еден од најпрестижните фестивали за класична музика во регионот „Раванелиус“ во Ќуприја, Србија. „Профундис“ ќе биде дел од затворањето на овој музички фестивал. Реномираниот камерен оркестар „Профундис“ е единствениот македонски претставник на овој фестивал, а на сцената заедно со …

Повеќе »