Втор пораз на македонските кошаркарски кадети од Бугарија


– Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација претрпе пораз и во вториот контролен натпревар во Скопје против Бугарија, која со пресврт во завршницата обезбеди триумф од 73-63.

Македонските кошаркари влегоа во завршната четвртина со предност од 52-46, но Бугарија со серија од 17-5 го сврте резултатот во своја корист и на крајот забележа победа со двоцифрена разлика.


Најефикасен во македонските редови и воедно на натпреварот беше Најков, кој реализираше 22 поени.

На првиот натпревар одигран во саботата во СРЦ „Кале“, македонските кадети загубија од бугарските врсници со 79-64. ег/ир Фото: КФСМ .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Нарушени иднини“ – Самостојна изложба и перформанс „Распаѓање“ на уметницата Маја Зеќо

Сега со седиште во Абердин, Шкотска, делото на Зеќо користи стратегии од перформанс и звучна …