Македонците од Специјална Олимпијада од Берлин се враќаат со пет освоени медали


– Атлетите од Специјална Олимпијада – Северна Македонија освоија пет медали на светските Специјални Олимписки Игри во Берлин.

Со одличје се закитија: Агрон Хајредини – златен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од местоЈулијана Петровска – сребрен медал, атлетика, категорија Скок во далечина од местоСтефан Трпковски – сребрен медал, пливање, категорија 100 метри грбноМарио Мицковски – бронзен медал, пливање, категорија 100 метри слободен стилЈане Никодиновски – бронзен медал, бадминтон На Игрите кои се одржаа од 17 до 25 јуни учествуваа над 7.


000 атлети од 190 земји.  -За мене, секој член, претставник од нашата Специјална Олимпијада – Северна Македонија е победник.

Заедно покажавме како со посветеност, вложен труд и многу работа резултатите се загарантирани.


Освоивме пет медали, но уште поважно – ги освоивме и срцата на присутните во Берлин, а верувам и во Македонија.

Навистина се гордееме со сите наши атлети, партнери, помагатели и директни учесници во овие Светски Специјални Олимписки Игри.


Честитки и до тренерите кои беа во секој миг до нашите атлети, поддржувајќи ги неуморно, изјави Моника Бошкоска, Претседател на Специјална Олимпијада – Северна Македонија.

 На Светските Специјални Олимписки Игри (Special Olympics World Games) македонската делегација ја преставуваа 13 атлети, шест тренери, шест партнери и пет делегати. зс/ .

Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Нарушени иднини“ – Самостојна изложба и перформанс „Распаѓање“ на уметницата Маја Зеќо

Сега со седиште во Абердин, Шкотска, делото на Зеќо користи стратегии од перформанс и звучна …