Пијанечкиот бренд ,,Копачка” ќе добие свој документарец


Многубројни пејачи, играорци и инструменталисти од ЗФГ ,,Копачка” с. Драмче, Делчево викендов настапија на локалитетот Белчанско маало во с.

Драмче и месноста Шишаро кај вила „Самовила“, каде се снимаше документарен филм за ,,Копачката”.


Документарниот филм е по сценарио и режија на познатиот режисер Андреј Волкашин од Делчево, во соработка со ОХО продукција.

-Имавме една извонредна можност на свој пијанечки автентичен начин да ја раскажеме приказната за фолклорното добро орото „Копачката“, кое е национално и светско културно наследство, впишано во УНЕСКО, во Репрезенативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото, но и за останатиот пијанечки изворен фолклор и сето тоа преку танцот, песните свадбарски, ороводните песни и раскажувањето за одржливоста на Групата и репертоарот, истакна претседателот на ЗФГ ,,Копачка”, Перса Стојановска.


 За членовите на групата како што додаде претседателката искуството е од огромно значење за презентирање на заштитеното оро од УНЕСКО.

 -Во една многу пријатна атмофера и возвишеност членовите ги редеа чекорите на орото и стиховите на песните.


 Во очекување на монтирање на конечната верзија на овој за нас многу значаен документарен филм, има се заблагодаруваме на сите за прекрасната соработка пред и во текот на снимањето, додаде Стојановска.

Снимањето на документарниот филм се реализира по повод 75 години од постоењето на Фолклорната група ,,Копачка”. вс/сст/Фото: МИА .

Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кинотека на Македонија го najavuva циклусот на современ перуански филм

Овој месец Кинотека на Македонија со гордост го претставува циклусот на современ перуански филм, во …