Португалецот Невеш се пресели во Саудиска Арабија за 55 милиони евра

– Португалскиот играч за врска Рубен Невеш (26) ги напушти редовите на англискиот фудбалски прволигаш Вулверхемптон и потпиша договор со саудискиот клуб Ал Хилал.

Според англиските медиуми, Вулверхемптон ќе добие обесштетување од околу 55 милиони евра.


„Начинот на кој соработувавме, на кој се боревме за клубот, тоа што го постигнавме и сите заеднички моменти се неверојатни.

Мојата сопруга и јас никогаш нема да го заборавиме времето кое како семејство го минавме тука“, порача Невеш.


Португалскиот репрезентативе дојде во Вулверхемптон од Порто во 2017 година и за англискиот клуб одигра 253 натпревари на кои постигна 30 голови. ег/сд/ФОТО: Фејсбук .

Извор: МИА


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …