Виолета Танчева-Златева добитничка на наградата „Антево слово“ 2022/2023

Виолета Танчева-Златева со нејзината песна „Севселенска“ е годинашна лауреатка на шестиот меѓународен конкурс „Антево слово“, распишан од Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“, во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст“ – Струмица“.

Како што соопштија од тимот на „Антево слово“, одлуката за наградата едногласно ја донесе жири-комисијата на „Антево слово“ 2022/ 2023 година во состав на претседателот Митко Гогов, членовите Атина Цветаноска, Иван Антоновски, Александра Јуруковска, Жорж Поповски и надворешниот соработник од Сицилија, Геро Ла Векија, по разгледување на повеќе од 120 пристигнати дела.


-И во оваа песна на Виолета Танчева-Златева, лирскиот субјект истовремено е и поетовото Јас и општочовечкото Ние, при што рафинираноста на поетскиот израз и овојпат се остварува и со авторска почит кон македонскиот литературен јазик која остава печат врз стилот на оваа поетеса.

Песната се надоврзува на претходните творечки резултати на Танчева Златева и е уште едно камче од поетскиот мозаик што го гради со нејзините поетски книги објавени изминативе неколку години.


Но тој мозаик е резултат на автентична поетика која е дел од естетската вертикала на современата македонска поезија, пишува во образложението жири-комисијата.

Славица Гаџова Свидерска за песната „Картографија на себеси“ е добитничка на втората награда, а Иван Иванов за песната „Сега и сетне“ и Омобоно Лила од Канада за песната „Голема е емоцијата“ се носители на третата награда, додека Лука Иванов за песната „Таворската светлина“ е добитник на наградата за млад автор.


Наградените автори ќе бидат застапени во новата антологија на Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“. бт/ир Фото/ „Антево слово“ .

Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вело Родео денес во Градскиот Парк во Скопје

Денес со почеток во 10:00 часот во Градскиот парк – Школка во Скопје, ќе се …