Бројни ѕвезди во хуманитарен натпревар за Украина

– Лондонскиот стадион „Стемфорд Бриџ“ в сабота на 5 август ќе биде домаќин на хуманитарен натпревар на кој собраните финансиски средства ќе бидат наменети за обнова на разурнатите училишта во Украина.

Насловен како „Натпревар за Украина“ (Game4Ukraine), настанот од хуманитарен карактер ќе собере на едно место бројни фудбалски ѕвезди вклучувајќи ги Фабио Канаваро, Кларенс Сидорф, Самуел Ето, Џанфранко Ѕола, Јенс Леман, Жерар Пике, Роберт Пирес, Патрик Виера и многу други.


„Жолтиот“ тим ќе го предводи легендарниот француски тренер Арсен Венгер, додека на клупата на „Сините“ ќе седи Англичанката Ема Хајес.

Собраните средства ќе бидат префрлени на хуманитарната организација „United24“, која ја основа украинскиот претседател Володимир Зеленски.


„Фудбалот секогаш имал моќ да ги зближи и обедини луѓето, а верувам дека ова ќе биде ден за паметење“, изјави украинската фудбалска легенда и поранешен селектор Андриј Шевченко. ег /сд/ .

Извор: МИА


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави режисерот Константин Плевнеш

Константин Плевнеш е роден на 4 мај 1982 година во Скопје, во семејството на познатиот …