Бенитез седна на клупата на Селта Виго

– Шпанскиот фудбалски стратег Рафаел Бенитез (63) е нов тренер на Селта Виго на местото на Португалецот Карлос Карвахал.

„Бенитез е еден од најуспешните тренери во историјата на нашата земја, а водеше екипи од светска класа во главните европски лиги“, објави во петокот вечер Селта, додавајќи дека договорот за соработка ќе биде потпишан на почетокот на јули.


Бенитез во кариерата ги тренираше Ливерпул, Челзи, Реал Мадрид, Интер, Наполи, Њукасл, Валенсија, Евертон, Далијан Про, Ваљадолид, Осасуна, Тенерифе и Екстрамадура.

Освои 13 трофеи, вклучувајќи ги Лигата на шампиони (Ливерпул), Лига Европа (Челзи) и поранешниот Куп на УЕФА (Валенсија). ег/сд/ ФОТО: Твитер .


Извор: МИА

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …