РИГОРОЗНИ МЕРКИ – ВАКЦИНАЦИЈАТА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗА НАСТАВНИОТ ПЕРСОНАЛ: Кој ќе одбие имунизација се исклучува од школскиот систем!

ИТАЛИЈАНСКИОТ комесар за вонредни ситуации, генерал Франческо Фило, побарал од регионот да организира вакцинирање на професори од училишта и универзитети и друг училишен персонал, кои сè уште не биле имунизирани, пишува агенцијата Анса.
Досега, во просек, 85% од наставниот кадар се вакцинирани, но во некои региони бројот е под 80.
Поттик за што побрзо вакцинирање на целиот наставен кадар и вработени во образовните институции е со цел организирање на директна настава во новата учебна година.
Претседателот на националниот сојуз на директори на училишта, Атилио Фрата, препорачува вакцинацијата на наставниот кадар против 19-та година, како и за лекарите.
– Некој што одбива да се вакцинира е опасност за општеството и мора да биде исклучен од наставниот процес. Истото важи и за студентите и учениците. Треба да се вакцинираат сите на возраст меѓу 12. и 16. години. Имунизацијата со антиковид спасува животи – рекол Фрата, кој најавил протест за утре пред Министерството за образование и против далечинско учење.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавена книга посветена на битолскиот уметник Гастон Гамлиел

Деновиве од печат излезе книгата „Гастон Гамлиел” на авторот Александар Стеванов од Штип. Се работи …