(Рецепт) НАПРАВЕТЕ САМИ – ПРИРОДНО А ДЕЛОТВОРНО: 4. едноставни маски за лице за ЗИМА!

Банана за комбинирана кожа
Бананата е идеална за овој вид на кожа. Испасирајте една банана, која не е зелен и тврда, и додадете три мали лажици кисело млеко. Нанесете ја смесата на лицето, оставете да отстои половина час, а потоа исплакнете со млака вода. Резултатот е нежна кожа и заштита од ветер и студ.
Овесна каша и мед за оштетена кожа
Измешајте мед, неварена овесна каша и белка од јајца, сите во еднакви пропорции. Нанесете на лицето и оставете да делува 20 минути. Исплакнете го лицето со млака вода и исушете со нежно тапкање.
Авокадо за сува кожа
Зимата е дефинитивно најлошото време во годината за ваков тип кожа, така што кожата треба дополнително да се хидрира и да се храни. Маската од авокадо е полна со минерали, витамини и антиоксиданти, така што резултатот ќе биде мека и блескава кожа. Испасирајте го внатрешниот дел и измешајте со малку маслиново масло, оставете на лицето 15 минути и исплакнете со млака вода

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …