Ова е најдобриот електричен автомобил во светот

Британската јавност се согласува со објавувањето на „The Sun“ дека овој електричен автомобил е феноменален, дури и најдобриот на пазарот.
Тоа е EV адут на германскиот премиум производител на Porsche Taycan.
Tesla беше првата компанија што масовно го започна првото производство на електрични возила, па така ги „принудила“ и другите големи производители да започнат со развој на своите електрични возила.
Електричните автомобили од оваа американска компанија се веројатно најбараните на пазарот и со години се сметаат за најдобри, но се чини дека Porsche го има она што е потребно за да ги тргне од тронот, мислејќи пред сè на моделот Taycan, кој „The Sun“ го оценил како најдобар во светот.
Автомобилот е одличен за возење, а она што го прави супериорен во однос на Tesla е тој допир на германските инженери, сметаат луѓето што го направиле овој избор.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …