Сопругата на британскиот принц Хари, Меган се вратила во Канада да биде со својот син по шокантната најава на двојката дека ќе се повлечат од своите должности како членови на кралското семејство и поголемиот дел од времето ќе го поминат во Северна Америка.
Според портпаролката, Меган се вратила во Канада да биде со својот син Арчи, бидејќи кралската двојка поминала шест недели на одмор во Канада со нивниот осуммесечен син Арчи, пред објавата,и далеку од кралското семејство.
Во меѓувреме, се појавија информации дека кралицата Елизабета Втора го молела нејзиниот внук, принцот Хари, да не ја објавува најавата дека тој и неговата сопруга Меган ќе се повлечат од високите позиции во кралското семејство пред да се договорат со другите членови на семејството, меѓутоа тој го игнорирал нејзиното барање.
По објавата,соопштено е дека Бакингемската палата, наводно, се обидува да разработи план за принцот Хари и неговата сопруга Меган, американска државјанка, откако објавија дека ќе се повлечат од должностите кои им припаѓаат како членови на кралското семејство и поголемиот дел од времето ќе го поминуваат во Северна Америка.
Страни: 1 2