Прва казна во случајот со убиството на Халина Хачинс на сетот на филмот „Rust“

Новиот извештај за безбедност при работа потврдува дека револверот со голем калибар му бил предаден на Болдвин од помошникот директор Дејвид Холс, без консултации со специјалисти за оружје за време или по полнењето на оружјето. Бирото забележало дека Холс бил и координатор за безбедност и дека бил сведок на две случајни пукотници на снимањето, и дека тој и другите раководители кои знаеле за проблемите не презеле никакви истражни, корективни или дисциплински мерки. Членовите на филмската екипа изјавија дека се вознемирени поради случаите.

This image has an empty alt attribute; its file name is halina-hatcins-tatko.jpg
Истражителите откриле дека менаџерите на снимањето ја ограничиле работата на малата екипа која го контролирала оружјето за време на снимањето, а била задолжена и за други работи, иако персоналот се жалел на тоа.
Бирото истакнало дека продуцентите на филмот не се погрижиле боевата муницијата да не биде донесена на местото на снимање, што е прекршување на безбедносните прописи. Состаноци за безбедност се одржуваа, но не секој ден кога се употребувало оружје, иако тоа е неопходно.


Истрагата за евентуална кривични пријави се уште е во тек.

Ново Мексико се натпреварува со други земји на локации за снимање што не се во Холивуд. Филмските продукции таму се собираат во последниве години за да ги искористат предностите на различниот пејзаж на Ново Мексико, умерените цени и дарежливите владини стимулации, вклучувајќи субвенции од 25. до 35. проценти за видео продукција што им помага особено на малите филмаџии.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски

Коалиција МАРГИНИ, во партнерство со List Production и Младински Културен Центар со задоволство ве поканува …