Убавата жена тврди дека ОВА е клучот за среќен брак

Џулија Робертс тврди дека бакнувањето е клучот за среќен брак.
Ѕвездата на филмот „Pretty Woman“ зборувала за својот љубовен живот додека гостувала во „The Late Show with Stephen Colbert“. На прашањето на водителката што би им препорачала на оние кои се во потрага по долга врска, таа веднаш одговорила: „Бакнежи“.
Да потсетиме, Џулија и снимателот Дени Модер се запознаа на снимањето на филмот „Мексиканец“ во 2001. година, а таа тогаш за камерманот рече:
„Се заљубив во него истиот момент. Сакав да бидам со него. Не можев да престанам да мислам на него и знаев дека ќе имам неволји”, признала актерката.
Двојката има три деца – Хејзел, Финес и Хенри Даниел: „Мојот сопруг и јас сме многу усогласени во тој поглед и мислам дека живееме сосема нормално со нашите деца. Мислам, очигледно е дека има предности што ги немавме како деца и не сакам да водат некои од борбите со кои морав да се борам, но во исто време треба да знаат како да го наместат креветот, да ги исперат алиштата и да направат еден оброк“, објаснила таа.

View this post on Instagram

A post shared by cosmoLau (@cosmolau_)


Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …